Да уживаме во сезонските овошки и да си направиме вкусен сок од боровинки! Боровинките изобилуваат со здравствени придобивки, а сокот од нив е исклучително корисен за целото семејство.

Tоплите денови ја будат желбата за ладни кремасти десерти, па со право може да се каже дека и најжешките денови полесно поминуваат со топче вкусен сладолед. Така се инспириравме да ви дадеме идеја за да си направите домашен кремаст сладолед со вкус на лимон, кој убаво ќе ве освежи во топлите денови.
Совршена комбинација за богат прилог кој сигурно ќе му се допадне на целото семејство! Нам веќе е ни е еден од омилените рецепти, а посебно обожаваме да го правиме за време на празници и свечени фамилијарни собири. Пробајте го и вие нашиот вкусен прилог од запечени компири со домашен тартар прелив, ќе уживате неизмерно!
Топлите денови се на самиот праг, па на вашата кожа дефинитивно и е потребно освежување, кое ќе и ја врати живоста и привлечноста. Овој природен пилинг за тело со мирис на лимон е навистина едноставен и евтин за правење, а и многу понежен за вашата кожа од оние кои се на база на сол. Тој ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ви ги отстрани мртвите клетки од вашата кожа.
Доколку сакате да имате свежо чувство во вашата усна празнина, исто како и после употребата на купечките освежувачи за уста, прочитајте ги овие три начини за подготовка на домашни води за освежување на здивот. Овие водички многу лесно и едноставно може да си ги подготвите во вашиот дом и да ги користите секогаш кога ќе имате потреба за освежување на здивот.
Обилните трпези и празниците поминаа, па време е да се погрижиме за нашиот изглед и здравје, како и да се вратиме на добрите навики. Меѓутоа, сите знаеме дека тоа не оди така лесно, па освен што треба да правиме некој добар режим на исхрана, корисна би била природната помош кој ја овозможува овој здрав домашен напиток за слабеење!
Добрите кремови за околу очи најчесто се многу скапи, затоа што тие содржат активни супстанции кои ги ублажуваат брчките и темните кругови. Но, наместо да трошите многу пари, направете си домашен крем за околу очи од кокосово масло. Ви претставуваме супер рецепт кој ги ублажува овие проблеми, а се подготвува за само 5 минути. Па така, со употребата на овој домашен крем за околу очи секогаш ќе изгледате свежи и одморени, а сигурно за неколку години помлади.