домашен сируп од коприва за прочистување на крвта

Домашен сируп од коприва за прочистување на крвта

Сирупот од коприва се користи уште од многу одамна како природен лек за прочистување на крвта. Но, тој не само што е хранлив, туку е и многу вкусен и освежителен доколку правилно се подготви. Во продолжение дознајте како може да направите домашен сируп од коприва.

Овој сируп, исто така помага против реума и артритис. Коприва изобилува со железо, па така сирупот е одличен сојузник во борбата против анемијата и опаѓање на косата. Може да го пијат и лица кои боледуваат од астма и имаат проблеми со кожата. Се верува дека им помага и на лицата кои имаат респираторни и уринарни инфекции.

домашен сируп од коприва

Може да ве интересира: Семе од коприва како најдобар природен лек за крвта.

Како да направите домашен сируп од коприва?

Прво набавете листови од млада коприва. Доколку сами ги берите, одберете чисти места. Притоа избегнувајте да собирате коприва која расте покрај пат или во близина на прометни места.

Состојки:

  • 1 килограм листови од млада коприва
  • 2,5 литри вода
  • шеќер (на секои 500 г течност се додава по 500 г шеќер)

Подготовка:

  1. Најпрво младите листови од коприва темелно измијте ги и исцедете ги од водата. Потоа, потопете ги во вода и варете ги околу 1 час на средна температура. Кога нивото на водата ќе се намали поради испарувањето, додајте нова.
  2. Откако копривите ќе се сварат процедете ги.
  3. Во процедената течност додајте го шеќерот. Добро измешајте за да се растопи шеќерот.
  4. Готовиот сируп од коприва ставете го во чисти стаклени шишиња кои добро ќе ги затворите.

Совет плус: Во овој сируп по желба може да додадете и листови од рибизла во сооднос 1:1.

Ви предлагаме да прочитате: Сируп од коприва како домашен еликсир за прочистување на крвта.

Сподели: