Тестенините се омилено јадење на многумина, а ако имаат дополнителен сос тогаш се полн погодок за ручек или вечера. А што би рекле за макарони во сос од топено сирење?

Овој рецепт е совршен за секоја сезона. Лесен вкус на посни макарони со чувство на свежина и здрави материи од спанаќот. Пробајте го овој фантастичен рецепт. Можете да го подготвите како лесна вечера за целото семејство или пак како омилен оброк за време на постење. Избраните додадени зачини формираат посебен „шмек“ од сензации кои оставаат впечаток на сетилото за вкус.
„Пробајте ја мојата салата од макарони со зеленчук и печурки, приготвена брзо и лесно на здрав начин, со вкус кој нахранува, а не прејадува. Идејата за рецептот потекна од потребата, што вкусно и здраво може да се носи како оброк за на работа. Едноставна е за пакување, лесна за носење и вкусна за јадење во секој миг. Ја дегустирав и ви препорачувам да ја пробате и вие!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Од кујната на Марија Кочовска! „Превкусна и брза посна салата со макарони и зеленчук. Секоја трпеза време на пости или куќни свечености ја красат вкусни салати. Ако не сакате да поминувате многу време во кујната, а ви се најавиле гости или имате некоја свеченост, ви предлагам да ја пробате оваа посна салата со макарони и зеленчук.“ – вели Марија.
За љубителите на салата со макарони и туна, им подготвивме уште еден добар рецепт. Оваа салата е идеална за појадок или вечера, а за подготовка нема да потрошите повеќе од 30 минути. Салатата со макарони и туна можете да ја направите и за време на пости, така што обичниот мајонез ќе го замените со посен.