салата од макарони со зеленчук и печурки

Од кујната на Катерина: Салата од макарони со зеленчук и печурки

„Пробајте ја мојата салата од макарони со зеленчук и печурки, приготвена брзо и лесно на здрав начин, со вкус кој нахранува, а не прејадува. Идејата за рецептот потекна од потребата, што вкусно и здраво може да се носи како оброк за на работа. Едноставна е за пакување, лесна за носење и вкусна за јадење во секој миг. Ја дегустирав и ви препорачувам да ја пробате и вие!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

Како и други рецепти кои ќе може да ги најдете на нашата страна и кои доаѓаат директно од мојата кујна, оставаме на вас да ја дозирате количината на состојките по желба. Јас употребив 200 грама макарони, 6-8 млади кромитчиња, една супена чинија иситнета зелка, еден грст шампињони кои ги исечкав на парчиња, листови од свежо нане од 3 гранчиња и едно гранче за декорација, сол и црн пипер по вкус. додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

салата од макарони со зеленчук и печурки

Состојки:

  • макарони (може и посни макарони)
  • млад кромид
  • зелка
  • печурки
  • неколку гранчиња листови од свежо нане
  • сол и црн пипер.

*количините ги имате погоре, а може да ги менувате и по желба.

Подготовка:

  1. Најпрво ставете вода во поголем сад на оган. Оставете да зоврие и во неа ставете ги макароните. По желба, во водата со макароните додајте малку сол, а не заборавајте повремено да промешувате. Сварените макарони исцедете ги.
  2. Во меѓувреме исечкајте го младиот кромид, заедно со зелените листови на парчиња со должина од 0,5-1 см, зелката иситнете ја, а печурките доколку не сте ги купиле исечкани, исечкајте ги исто така.
  3. Кромидот и зелката ставете ги во тава со малку вода за да се обарат, а потоа додајте малку масло и кратко пржете. Пред да започнете со пржење, во тавата додајте ги и исечканите печурки.
  4. Потоа, исечкајте ги и додадете ги и листовите свежо нане. Додајте сол и црн пипер по вкус и измешајте ја содржината.
  5. На крај, измешајте ги исцедените макарони со посакувана количина од сосот и оброкот за носење е спремен. Оваа салата од макарони и зеленчук е вкусна и откако ќе се излади, а доколку имате желба може да додадете и други состојки дополнително. На здравје!

Препорака од авторот:

За повеќе испробани рецепти разгледајте ги моите профили каде објавувам рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Гурманска брза салата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: