Печени тестенини со брокула и карфиол 1

Печени тестенини со брокула и карфиол

Тестенините се омилена храна на многумина, а често се прашуваме како да ги подготвиме за да биде вкусот малку поинаков од онај на кој секојдневно сме навикнале. Овој пат ви предлагаме да пробате печени тестенини со брокула и карфиол како интересна и вкусна варијанта полна со зеленчук и хранливи материи.

Печени тестенини со брокула и карфиол 2

Состојки:

  • 250 гр кратки тестенини
  • 400 гр брокула
  • 200 гр карфиол
  • 250 гр рикота или урда
  • 2 – 3 чешниња лук
  • по потреба маслиново масло
  • по потреба сол и црн пипер.

За прелив:

  • 3 јајца
  • по потреба пармезан
  • по потреба путер и лебни трошки за тавата за печење.

Подготовка:

  1. Брокулата и карфиолот искинете ги на помали парчиња и ставете ги да се варат во посолена вода околу 5-6 минути, а потоа исцедете ги и оставете ги на страна.
  2. Тестенините сварете ги во посолена вода според препораките на паковањето, па исцедете ги.
  3. Во тава со 5-6 лажици маслиново масло малку пропржете го лукчето само колку да пушти мирис.
  4. Додајте ги брокулата и карфиолот и измешајте.
  5. Тавата тргнете ја од огнот и додајте ги тестенините и рикотата или урдата.
  6. Додајте сол и црн пипер по вкус и измешајте.
  7. Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
  8. Помало плехче намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
  9. Смесата од тестенини турете ја во плехчето и порамнете ја.
  10. Јајцата изматете ги со вилушка со малку сол и прелијте ги над тестенините.
  11. Одозгора попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат 15-20 минути.
  12. Послужете ги топли посипани со пармезан.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Потпечени макарони со свежи шампињони и кашкавал.

Сподели: