посна салата со макарони и туна

Салата со макарони и туна

За љубителите на салата со макарони и туна, им подготвивме уште еден добар рецепт. Оваа салата е идеална за појадок или вечера, а за подготовка нема да потрошите повеќе од 30 минути. Салатата со макарони и туна можете да ја направите и за време на пости, така што обичниот мајонез ќе го замените со посен.

салата со макарони и туна

Состојки:

  • 250 гр ситни макарони
  • 2 конзерви туна
  • 1 мала главица кромид
  • 3 лажички мајонез
  • 50 мл доматен сос или доматно пире
  • сол, црн пипер и оригано

Подготовка:

  1. Во длабок сад на оган ставете вода да се вари. Кога водата ќе зоврие во садот додадете ги макароните и ставете малку масло. Повремено мешајте и варете ги за време од 10 до 15 минути. Сварените макарони исцедете ги.
  2. Кромидот ситно исечкајте го, а туната исцедете ја од маслото.
  3. Во поголем длабок сад ставете ги макароните, туната, ситно исечканиот кромид, зачините и убаво измешајте. Додадете го мајонезот и доматниот сос, и повторно измешајте.
  4. Приготвената салата со макарони и туна послужете ја и уживајте во нејзиниот вкус.

Рецептот го испратил: Клара Бос

Сподели: