„Кога ми треба брз и лесен десерт за да пречекам гости, а да е вкусно и убаво, оваа брза раванија со кокос ми е прв избор!“- вели Катерина од нашиот тим, која ја приготви превкусната раванија.

Може да се каже дека десертите се омилениот дел од големите собиранки со семејството, посетите кај пријателите, кафе дружбите и убавото засладување за време на филмските вечери дома. Секогаш и секаде, најголемиот дел од нас се расположени за добар и вкусен сладок момент на уживање! А ние, љубопитни, моравме да истражиме што побудило најголем интерес и еве кои се најчитаните десерти во изминатата година!
„Овој вкусен македонски традиционален десерт се приготвува многу одамна. И не само во Македонија. Раванијата се прави низ целиот Балкан. Ја правеле нашите баби, а јас сакам да ја продолжиме таа традиција и да ја ширим македонската кујна. Затоа, го споделувам овој испробан рецепт за раванија со гриз“ – вели Марија Кочовска од нашиот тим која ја направи раванијата.
Прекрасен десерт кој му се допадна на секој кој го проба! Секое залче од идеално сочната циганска торта овозможува исклучително добри слатки сензации кои долго се паметат. Супер е како идеја за десерт на вашата куќна слава, одлична е за време на прослави, а најдобра за време на празници. Не пропуштајте да ја направите во првата прилика!