Време е за парче сладок десерт со брза подготовка. Оваа сочна раванија со лешници е малку понов вкус за нашите простори, но токму поради поинаквиот вкус многу ќе им се допадне на гостите и пријателите. Сочност и вкус на лешници, вредни за секоја калорија!

Состојки:
- 4 јајца
- 2 филџани шеќер
- 1 филџан масло
- 1 филџан кисела вода или млеко
- 1 и 1/2 филџан гриз
- 1 и 1/2 филџан потпечени мелени лешници
- 1 и 1/2 филџан брашно
- 1 пакетче прашок за печиво.
За шербет:
- 3 шолји вода
- 2 шолји шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер.
Мерки: Филџан = 130 мл, Шолја = 230 мл.
Подготовка:
- Јајцата и шеќерот убаво се матат.
- Се додаваат маслото и млекото или киселата вода, а потоа се додаваат гризот, брашното, лешниците и печивото.
- Смесата се става во намрсена тава број 30 и се печи на 175 степени додека порумени.
- Во меѓувреме се вари шербетот, кој треба да врие околу 5 минути, а ванилите се додаваат на самиот крај.
- Потурете млако со млако, односно пред целосно да олади пандишпанот потурете со млакиот шербет.
На лесен начин добивате одлична десерт со збогатен вкус. Мекоста и сочниот состав потврдува дека раванија со лешници е вистински избор и за најмладите и за највозрасните дегустатори. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос