брза посна торта со кокос и портокал

3 најчитани десерти во 2018-та година

Може да се каже дека десертите се омилениот дел од големите собиранки со семејството, посетите кај пријателите, кафе дружбите и убавото засладување за време на филмските вечери дома. Секогаш и секаде, најголемиот дел од нас се расположени за добар и вкусен сладок момент на уживање! А ние, љубопитни, моравме да истражиме што побудило најголем интерес и еве кои се најчитаните десерти во изминатата година!

Како и од останатите категории избравме 3 најчитани. Редоследнот е следниот:

брза посна торта со кокос и портокал

Најчитан десерт на место бр. 1: Посни колачи со пиво, гриз и кокос

Во некои краеви на Македонија вкусните посни колачи со пиво се познати како пиварки. Посни колачи за сечиј вкус! Рецептот е од нашата пријателка Елена, а овие посни колачи со пиво, гриз и кокос се приготвуваат многу едноставно и лесно. Пивото има дава рофитост, а кокосот ја збогатува нивната арома. По желба во шербетот може да додадете една до две ќесички ванилин шеќер и свежо цеден сок од лимон. Рецептот може да го прочитате на овој линк.

Најчитан десерт на место бр. 2: Брза посна торта со кокос и портокал

Рецептот е од нашата кујна и е припремен за време на подготовка на свечената трпеза за куќна слава во време на пости. Сите гости ја пробаа оваа торта и го потврдија нејзиниот фантастично добар чоколаден вкус со освежителна арома на портокал, надополнета со кокос и мармалад од црни сливи. А штом ја направите, не заборавајте да ни напишете во коментар како ви се допаднала. Рецептот може да го прочитате на овој линк.

Најчитан десерт на место бр.3: Традиционален рецепт за раванија со гриз

Овој вкусен македонски традиционален десерт се приготвува многу одамна. И не само во Македонија. Раванијата се прави низ целиот Балкан. Го правеле нашите баби, а ние сакаме да ја продолжиме таа традиција и да ја шириме македонската кујна. Затоа, на овој линк го споделуваме нашиот испробан рецепт за раванија со гриз од нашата кујна.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 најчитани совети во 2018-та година и  3 најчитани содржини посветени на здравјето во 2018-та година.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: