циганска торта - раванија

Циганска торта – раванија

Прекрасен десерт кој му се допадна на секој кој го проба! Секое залче од идеално сочната циганска торта овозможува исклучително добри слатки сензации кои долго се паметат. Супер е како идеја за десерт на вашата куќна слава, одлична е за време на прослави, а најдобра за време на празници. Не пропуштајте да ја направите во првата прилика! 

циганска торта - раванија

Состојки:

  • 4 јајца
  • 16 лажици шеќер
  • 16 лажици млеко
  • 16 лажици масло
  • 16 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица какао.

За шербет:

  • 12 лажици шеќер
  • 500 мл млеко.

За премачкување од горе:

  • мармалад (од црни сливи или по желба)
  • 500 мл слатка павлака.

Подготовка:

  1. Во поголем сад изматете ги јајцата со шеќерот. Матете додека не се појави трага од миксерот при движењето на маталките.
  2. Потоа додајте ги млекото, маслото, брашното, прашокот за печиво, какаото и со помош на лажица убаво измешајте.
  3. Смесата ставете ја да се печи во намрсена тава, на температура од 180 степени, околу 20 минути.
  4. Готовиот пандишпан треба да се остави да се излади.
  5. Шербетот се прави така што млекото и шеќерот се ставаат на оган, за шеќерот да се стопи, а шербетот да стане врел.
  6. Добро изладениот пандишпан се потурва со врелиот шербет, па се остава малку за да се впие.
  7. Горната површина на тортата се преачкува со мармалад (неколку лажици, во количина по ваша желба).
  8. На крај, од горе се става и убаво изматената слатка павлака и се порамнува по целата површина, па тортата се сечи на коцки.

Вкусот на сочната циганска торта, или уште позната под името циганска раванија е најдобар откако ќе отстои неколку часа. Сигурни сме дека неизмерно ќе уживате во нејзиниот вкус. На здравје!

Сподели: