Велигденско-јајце-со-бомбони

Велигденско јајце со чоколадни бонбони

За Велигденските празници ви предлагаме да направите интересна декорација – велигденско јајце со чоколадни бонбони кое ќе го разубави вашиот дом и весело ќе ги изненади најмалите.

Велигденско-јајце-со-бомбони

Лесно направете велигденско јајце со чоколадни бонбони

Остана уште малку време до почетокот на велигденските празници, па време е да пробате да направите нешто интересно кое на вашиот дом ќе му даде празнична магија. Како интересен предлог за декорација на велигденската трпеза ви предлагаме сами да направите оригинално и несекојдневно велигденско јајце со чоколадни бонбони.

Велигденската декорацијата може да виси на посакуваните места, да ја ставите во кошница или на масата. Потребни ви се балон, конец, лепило, прехранбени бои, чоколадни бонбони, малку слободно време и трпение, а резултатите ќе бидат одлични. Подготовката на велигденското јајце со чоколадни бонбони може да погледнете од видеото.

Сподели: