Праските се одгледуваат низ светот со векови, а познати се како симбол на бесмртноста и пријателството. Вие можеби го обожавате ова слатко, сочно овошје, но колку знаете за неговата историја или придобивки за здравјето?

Витаминот Е припаѓа на групата витамини растворливи во масти. Тој е антиоксиданс и има улога да ги превенира оштетувањата на клетките во телото, а може да се најде во различна храна, масти и масла. Антиоксидансите го штитат организмот од појава на сериозни заболувања како што се срцевите болести и канцер.
Дали знаете дека леќата е прва намирница која човекот почнал да ја одгледува? Таа не содржи заситени масти, ниту пак холестерол, а богата е со протеини, селен и железо, растителни влакна, фолна киселина и е идеална за намалување на телесната тежина. Во 100 грама варена леќа има 9 грама протеини и 8 грама растителни влакна.
Што се однесува до хранливата вредност на превкусните ф’стаци, може само да се потврди дека добрите работи доаѓаат во мало пакување. Околу 50 ф’стаци содржат изобилство од витамини, минерали и други нутриенти (материи) кои му се потребни на телото да функционира и да остане здраво. И сето тоа е еднакво на само 160 калории.
Лозовиот лист е популарна храна во медитеранската кујна и намирница која е препорачлива на листата за купување кај Американците. Низ светот е познат како храна која е одлична за здравјето на срцето, богата со витамини и минерали. Поради неговата сезонска природа често може да се најде и конзервиран, што овозможува достапност преку целата година.
Често се нарекувани кралско овошје, а се смета дека на нашите простори овие златни плодови на сонцето ги донел Александар Македонски. Вкусните кајсии помагаат во одржувањето на здравиот вид, го подобруваат варењето на храната и сонот, одлични се за имунитетот и уште многу други функции на организмот.