Многу популарната и широко распространета пиперка на нашите простори, слободно може да се нарече храна и лек. Нејзината корист за организмот е огромна и тоа од разни аспекти.

Ако сакате да го намалите холестеролот, телесната тежина или да го регулирате нивото на шеќер во крвта, консумирајте бамја. Бамјата претставува зеленчук кој има висока хранителна вредност, а тоа се должи на малиот број на калории, а голема застапеност на витамини, минерали и растителни влакна кои се значајни за одржување на здравото ниво на холестерол во крвта.
Невенот, Calendula officinalis L. (Asteraceae), одамна е познат како скапоцено лековито средство. Цветовите од невен се користеле за медицински цели уште од 12 век. Тој цвета од мај до доцна есен во медитеранските предели, а со своите големи златно-жолти или портокалови цветови и прекрасниот мирис ги разубавува дворовите.
Зимското јаболко ретко се среќава на нашите пазари, а има голем број на здравствени придобивки. Во различните краеви во земјата, покрај зимско јаболко, овој зеленчук е познат како шалгани, земјени јаболка и кркушки. Често се наоѓа во природата, а на нас останува да го вклучиме во нашата исхрана и да ги искористиме благодетите кои ги нуди.
Мајчината душица е растение со кулинарска, медицинска и декоративна употреба. Припаѓа на родот Thymus, а латинско име и е Thymus vulgaris. Цветовите, листовите и маслото од мајчина душица, луѓето најчесто ги користат при третирање на мокрење во кревет, дијареја, болки во стомакот, артритис, болки во грлото, настинка, бронхитис и гасови.