Пилешки плескавици со тиквичка 1

Пилешки плескавици со тиквичка

Кате ги опиша многу убаво, па од една реченица и секако одличната фотографија, навистина се дознава многу. За овие пилешки плескавици со тиквичка вели: „Едноставни, но многу сочни и меки плескавици кои вреди да ги пробате.“ Со очи да ги јадеш ги направила, да ги подготвиме и ние!

Може да ве интересира: Пилешки крокети со бешамел сос.

Пилешки плескавици со тиквичка 2

Состојки:

  • 350 гр пилешки гради
  • 1 мала тиквичка
  • 1/2 главица кромид
  • 1/2 лажичка куркума
  • 6 лажици лебни трошки
  • по потреба сол
  • црн пипер.

Подготовка:

  1. Изрендајте ја тиквичката и ставете ја да се запржи со малку масло.
  2. Додајте ја куркумата и откако ќе омекне тиквичката тргнете од оган и оставете да се излади.
  3. Пилешките гради ситно исечкајте ги.
  4. Додајте ја пропржената изладена тиквичка, ренданиот кромид и лебните трошки. Зачинете со сол и црн пипер, па убаво измешајте за да се соединат состојките.
  5. Со намрсени раце земајте од смесата и формирајте плескавици.
  6. Припремените плескавици наредете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, а потоа ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени и печете за време од 25 минути.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешки ќебапи со рукола.

Сподели: