Пилешки ќебапи со рукола 1

Пилешки ќебапи со рукола

Ние сме љубители на нови нешта во кујната и на трпезата. Токму тоа беше и причината за овие пилешки ќебапи со рукола да бидат избрани за да ги споделиме на Сѐ за храна! Впечатливо изгледаат, а за вкусот нема што да ви кажуваме, мора да се почувствува!

Еве што ни рече Невена за нив: „Вкусни и интересни по состав ќебапчиња, а и уште еден начин да се искористи руколата.“  Ние и веруваме на зборот, а се уверивме и од нејзината убава фотографија.

Пилешки ќебапи со рукола 2

Состојки:

  • 550 гр мелено пилешко бело месо
  • 70 гр рукола
  • 1 мало јајце
  • 4-5 лажици лебни трошки
  • 1/2 мала главица (40 гр) рендан кромид
  • 1 мало чешне ситно сечкан лук
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • по вкус сол и бибер
  • по потреба масло за пржење на ќебапите.

Подготовка:

  1. Месото ставете го во поголем чист сад.
  2. Руколата исечкајте ја многу ситно и додајте ја во месото.
  3. Додајте ги останатите состојки и убаво измесете ги со рака. Смесата треба да биде доволно цврста за да можат да се обликуваат ќебапчињата, па затоа ако е потребно додајте уште лебни трошки.
  4. Смесата ставете ја да стои во фрижидер околу 2 часа за малку да се стегне, а потоа направете ги ќебапчињата.
  5. Пржете ги во загреано масло на умерен оган, додека добијат црвенкаста боја.
  6. Послужете ги топли со прилог и салата по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите дома сочни ќебапи?

Сподели: