Како да направите дома сочни ќебапи 1

Како да направите дома сочни ќебапи?

Потеклото на зборот ќебап е од персиско потекло и значи пржено месо, а постојат трагови кои кажуваат дека ќебапите водат до стара Грција. Секако, она што нé интересира сите нас е како да направиме совршена смеса за сочни ќебапи и да добиеме исто толку убаво јадење како во ќебапчилниците.

Оние кои се поскусни во правење ќебапи кажуваат дека нема некои посебни компликации, а најважна поента е да се избере добро месо, како и правилно да се припреми и да се остави смесата да отстои доволно долго. Се смета дека оваа смеса традиционално потекнува од Сараево, па може да ги сретнете и под името сараевски ќебапи. Бидејќи се познати како највкусни, во оваа содржина го споделуваме со вас составот на смесата за да добиете вистински сочни ќебапи.

socni kebapi 2

Еве како да направите сами сочни ќебапи

Состојки:

  • 1,5 кг мелено телешко месо
  • ½ кг јагнешко месо
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 лажички сода бикарбона
  • сол по вкус (посолете со прстофат).

Подготовка:

  1. Најпрво исечете го месото на коцки и посолете го. Измешајте го и прелијте го со 100 мл вода во која претходно сте го вареле малку ситно исечканиот лук, а потоа со неа прелијте го месото. Измешајте го месото повторно и оставете го поклопено да стои во фрижидер во текот на ноќта.
  2. Наредниот ден, со машина за мелење, измелете ја смесата барем 2 пати и оставете ја да стои на собна температура најмалку 2 часа, па ставете ја во фрижидер.
  3. Пред да ги обликувате ќебапите додајте ја содата бикарбона, измесете го месото со раце и обликувајте ги ќебапите. Испечете ги најдобро на скара, а доколку немате таква можност тоа можете да го направите во рерна.

Припремете гарнир по желба и уживајте во вкусот на сочните ќебапи. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашни ќебапчиња со сенф.

Сподели: