Пилешките крокети ни се едни од омилените залчиња, а супер се вклопуваат за ручек со салата или за мезе со пријателите. Популарни се насекаде и често може да се најдат во менито на рестораните. Па, сега можеме да ги направиме и дома. Лана на нејзиниот блог Kuhinjica Mignone го сподели рецептот за пилешки крокети со бешамел сос.
Идеални се за родендени, имендени или други семејни прослави. Лесно се прават, а кога се послужени со сос, ретко кој може да им одолее.

Состојки:
- 350 до 400 грама варено пилешко месо
- 300 мл бешамел сос
- магдонос
- 1 страк млад кромид
- сол и црн пипер по вкус
- брашно, јајце и лебни трошки по потреба
- масло за пржење.
За бешамел сос:
- 1 лажица путер
- 1 лажица брашно
- 200 мл млако млеко
- сол и бел пипер
- малку мускатно оревче.
Подготовка:
- Пилешкото месо ставете го во тенџере со вода да се вари. Додајте зачини и зеленчук за кој го користите за подготовка на супа.
- Вареното пилешко месо извадете го од тенџерето и оставете го кратко да се излади. Потоа одвојте го месото од коските и исечете го на мали коцки или ленти. За подготовка на овој рецепт доволно ќе ви биде белото месо од едно поголемо пиле. А по желба може да сварите само стек.
- Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи. Потоа додајте го брашното и кратко запржете го. На крај, турете го млекото, зачинете по вкус и варете го додека се згусти. Користите жица за матење, за да добиете сос без грутчиња.
- Сечканото пилешко месо измешајте го со изладениот бешамел сос, додајте ситно сечкан млад кромид, сечкан магдонос и зачинете по вкус.
- Формирајте топчиња со големина на кајсија. Од наведената смеса ќе добите 20-тина крокети. Секое топче извалкајте го во брашно, па во изматено јајце и лебни трошки. Вака приготвените крокети пржете ги во загреано масло додека поруменат, па извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Готовите пилешки крокети со бешамел послужете ги додека се топли со сос по желба и млади динстани моркови. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Вкусни пилешки крокети.