Припремете сами декоративни ротквици за салата 1

Припремете сами декоративни ротквици за салата

Превкусните и прекрасни ротквици се одгледувани и ценети од луѓето повеќе од 3000 години, а модерниот тренд кој владее денес за изведба на разни креативни декорации од храна е прифатлив и посакуван од сите нас. Зошто не би ги претвориле ротквиците во декоративни вкусни залчиња салата наместо да бидат само изедени како и обично?

Навистина, често пати се случува да водиме битка со времето и да не можеме да престигнеме ниту да ја направиме својата салата, но здравиот животен стил е неопходност во денешното стресно време и денови полни со многу обврски. Така, кога веќе си правиме салата добро би било да издвоиме плус минутка до две и да ги израдуваме очите, душата и умот. Креативно декорираната храна буди позитивни емоции, чувство на важност и свест дека има многу убави мали нешта кои го исполнуваат животот. За промена да направиме декоративни ротквици и да уживаме многу повеќе од обично!

Ротквиците имаат многу мал број на калории, па се идеална и здрава храна за целата популација, а посебно за сите вљубеници во витко тело и добра линија. Во 100 грама ротквици има само 16 калории и 2 грама растителни влакна, кои се значајни за правилно варење на храна и елиминирање на штетните материи, а ви предлагаме да кликнете тука и да ги прочитате подетално здравствените придобивки од нив. Сега погледнете го видеото и откријте како се прави ова чудесно уживање, а кога ќе имате неколку минути плус, ви предлагаме да погледнете како може да направите разни декорации од зеленчук и да јадете преубави салати почесто.

Сподели: