Успешно реализиран настанот „Здрави навики, за здрав срцев ритам“ 1

Успешно реализиран настанот „Здрави навики, за здрав срцев ритам“

Скоро 50 % од смртноста во светот се должи на кардиоваскуларните заболувања (КВЗ). Сличен е случајот во Македонија, каде во последните години  смрноста поради КВЗ изнесува скоро 60%. Со цел да го намалиме ризикот од кардиоваскуларни заболувања со помош на храната, вчера, на 27.03.2017,во малата сала на Центарот за култура во Битола, Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна одржа едукативно предавање на тема „Здрави навики, за здрав срцев ритам“. Важна информација и факт кој сите треба да го запаметиме е дека со здрав режим на исхрана, надополнет со уште неколку здрави навики, ризикот од КВЗ се намалува до 90%.

Успешно реализиран настанот „Здрави навики, за здрав срцев ритам“ 2

Овој факт и уште многу корисни информации, присутните имаа можност да ги слушнат од основачите на ЗЕК Сѐ за храна М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска, кои воедно беа модератори и предавачи на настанот, а медицинската елаборација на темата, ја пренесе Д-р Светлана Стефановска, субспецијалист кардиолог и вработена во ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“ Битола.

Присутните имаа можност да слушнат корисни информации околу ризик факторите за појава на КВЗ, како и она што е најважно, подетално беа разработени начините на превенција. Беше предложена листа на намирници кои се корисни за здраво срце и здрави крвни садови, а исто така беа презентирани и два здрави рецепти, со претходно разговараните намирници.

За настанот да биде побогат со информации, препораки и присутните да си заминат среќни и наградени, се погрижија нашите пријатели и партнери на настанот до кои во оваа прилика упатуваме благодарност!

Дебелината е еден од најзначајните претходници на кардиоваскуларните заболувања, па беше една од темите на кои беше обрнато внимание на настанот. Им благодариме на нашите пријатели од SlimLine Club, кои се вклучија со презентација и несебнично сакаат да помогнат со својата палета на производи, кои се на природна база, ни споделија корисни информации и ни овозможија дегустација на нивните шејкови за здраво тело. Сите кои сакаат да ги набават во Битола, може да го посетат продажниот салон во ТЦ Кеопс. Исто така може да ги купите и онлајн, a, доколку сакате да ја разгледате подобро нивната палета на капсули, шејкови и помошни ленти за слабеење, детоксикација, како и новите козметички производи, кликнете на линкот.

Успешно реализиран настанот „Здрави навики, за здрав срцев ритам“ 3

Кога станува збор за достапноста и информациите околу здравите избори на храна кои може да ги набавиме од производители, секогаш е корисно да се слушнат нови информации. За таа цел, како наш партнер се вклучија и пријателите од  Агро Ели со E-vita производите, чии намази и џемови, се природни без конзерванси и додадени шеќери, ниту бои. Исто така, слични се и карактеристиките на нивните тестенини кои ги има во различни варијанти и тоа, ржани, овесни, хељдини, пченични итн. Ако пак сакаме здраво да се грицкаме или да се засладиме со колачи кои се без шеќер, а се засладени со малтекс и се направени без конзерванси и други додадоци, тука е нивната макробиотска палета. Препорачуваме да ја погледнете палетата на производи E-vita тука, а доколку сакате да ги набавите, побарајте ги во поголемите маркети или во нивната продавница и месарница „Ели Мес“ во Битола, на влезот во пазарот, кој е во близина на селската автобуска.

Успешно реализиран настанот „Здрави навики, за здрав срцев ритам“ 33

А бидејќи, освен што е неопходно да имаме редовен режим на здрава исхрана и барем умерена физичка активност, во насока на превенција препорачливо е да се консумираат додатоци во исхраната. Ние истражувавме и согласно со темата, во насока на превенција од кардиоваскуларни заболувања и општо подобро здравје откривме дека при изборот на суплементи треба да внимаваме да се природни, проверени  и фармацевтски чисти, без штетни материи, пестициди и тешки метали. Како такви ги откривме производите на Тримекс, од Now Foods, па на предавањето поразговаравме околу корисното дејство на CoQ10 кој важи за чувар на срцето, омега-3 мастите кои се важни за превенција и антивоспалителна заштита, како и за Magnesium Citratе-от кој ја поддржува срцевата активност и спречува аритмии. Овие производи може да ги најдете во аптеките или да ги купите онлајн на линкот.

Успешно реализиран настанот „Здрави навики, за здрав срцев ритам“ 44

Здружението Сѐ за храна постои веќе 5 години и со свои совети постојано е присутно на интернет порталот sezahrana.mk. Секојдневните здравствени проблеми на голем број лица околу нас,  ја наметна потребата од организирање на втор настан од ваков тип.

Галеријата од настанот може да ја погледнете тука. Благодарност до присутните гости, а во иднина може да очекувате нова тема и квалитетни информации. До наредно гледање и ви посакуваме добро здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Голема посетеност на настанот „Подобра исхрана, подобар живот“.

Сподели: