Со цел да дадеме свој придонес во подобрувањето на квалитетот на живот на битолчани, Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна организираше едукативна вечер на која стручни лица говореа како граѓаните со подобра исхрана и физичка активност може да си го подобрат сопственото здравје. Под мотото „Подобра исхрана, подобар живот“, во малата сала на Центарот за Култура во Битола, вчера, со почеток во 18:00 часот се одржа едукативен настан на тема „Здравјето е најважно!“ кој беше посетен од голем број на граѓани, а салата беше исполнета до последното место.

Присутните имаа можност да слушнат и да дознаат од М-р Марија Кочовска, М-р Катерина Шамбевска, Д-р Маја Р. Вукашиновиќ, Д-р Ивона Здравкова и М-р Христина Ристовска, како со помош на храната може да си го сочуваат односно подобрат сопственото здравје. Се разговараше на различни теми: Кои се најчестите болести на денешницата предизвикани од лоша исхрана? Каква е врската на исхраната со покачениот крвен притисок и кои последици по здравјето ги носи покачениот притисок? Колку исхраната влијае на севкупното здравје на човекот? Што се тоа антиоксиданси и која е функцијата на антиоксидансите во телото? Како да ги спречиме болестите кои се најактуелни во денешно време (канцер, кардиоваскуларни болести, дијабет)? Какво е влијанието на физичката активност за подобрување на здравјето? Што треба да знаеме пред да почнеме со редовно вежбање? итн.
Здружението Сѐ за храна постои веќе 5 години и со свои совети постојано е присутно на интернет порталот sezahrana.mk. Секојдневието и се она што со себе го носи брзиот начин на живот ја наметна потребата од организирање на еден ваков настан.
Настанот беше подржан од партнерите, кои имаа изложено штандови и овозможија присутните да дегустираат здрава храна. Покрај тоа, на голем број од гостите им беа доделени подароци од нашите пријатели:
- Тонус леб
- Vezë Sharri
- Slim Line Club Битола
- Travel Pub
- Гера Ком Софт Битола
- Centar za kultura / Центар за култура
- Energy Aerobic Club
- Студио за убавина БЕЛА ДОНА
- Meri Dimovska
- Dimitar Zdravevski Photography.
Галеријата од настанот погледнете ја на следниот линк.