бела сангрија

Бела сангрија со лимон и портокал

Ако правите приватна забава, чекате роденден или имате некоја друг повод за славење и ви треба лесен, освежителен и вкусен летен пијалак, ви предлагаме да направите бела сангрија. Фантастичната комбинација од свежо овошје и бело вино ќе го задоволи сечиј вкус, а вие сигурно ќе добиете пофалби за пренесувањето на вкусот на Шпанија на вашата забава.

Сангријата е шпански пијалак, кој се прави со црвено или бело вино, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат голем рецепти за сангрија, а ние ви предлагаме да ја пробате освежителната комбинација со бело вино и цитрусни плодови. Искористете ја својата креативност и направете своја оригинална сангрија, во која по желба може да додадете праски, јагоди, боровинки, ананас, диња, грозје и слично.  Сангријата послужете ја ладна, а наместо шеќер може да ставите мед и забавата може да започне!

бела сангрија

Состојки:

  • 3 лажици шеќер
  • 1 зелено јаболко
  • 1 портокал
  • 1 лимон
  • 1 зелен лимон
  • 200 мл газирана минерална вода
  • 1 литар бело вино

Подготовка:

  1. Лимонот пресечете го на половина. Едната половина исцедете ја, а остатокот исечкајте го на парчиња.
  2. Портокалот, зелениот лимон, јаболкото исечкајте ги на парчиња.
  3. Во бокал ставете го овошјето, шеќерот, минералната вода, виното и измешајте. По два до три часа сервирајте ја белата сангрија.

Сподели: