Дали сте слушнале за берберин? Ова природно соединение, кое често се среќава во растенија како канадска жутика, махонија и жутика, го привлекува вниманието на научниците поради неговите импресивни придобивки. Од традиционалната медицина, па сè до современите истражувања, берберинот ветува многу – од поддршка на метаболизмот до одржување на оптимално ниво на шеќер во крвта.
Што е берберин и за кого се препорачува? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.

Што е берберин?
Берберин е природно биоактивно соединение од групата алкалоиди, кое се наоѓа во различни растенија како што се канадска жутика, махонија и жутика. Познат е по својата интензивна жолта боја и се користи илјадници години во традиционалната кинеска и ајурведска медицина.
Кои се придобивките од берберинот?
Берберинот има повеќе потенцијални здравствени придобивки:
- Помага при регулирање на нивото на шеќер во крвта и се препорачува за лицата со дијабетес тип 2. Според научните студии берберинот помага за намалување на нивото на гликоза во крвта, ја зголемува секрецијата на инсулин и помага при инсулинската резистенција.
- Го намалува холестеролот и триглицеридите, што придонесува за подобро кардиоваскуларно здравје.
- Поседува антиинфламаторни, антиоксидантни и антимикробни својства, што го прави корисен при инфекции и воспалителни состојби.
- Може да помогне при дигестивни проблеми, кај лица кои имаат иритабилен цревен синдром, како што се дијареја и запек.
- Берберинот е единствен по тоа што активира важен ензим внатре во клетките, AMP-активирана протеин киназа (AMPK), кој игра главна улога во регулирање на метаболизмот.
За кои лица се препорачува берберинот?
Берберинот се препорачува за лица со следниве состојби:
- Дијабетес тип 2: Истражувањата потврдиле дека берберинот помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта и ја намалува резистенцијата на инсулин.
- Пред-дијабетес: Може да помогне кај лица со зголемен ризик за развој на дијабетес, односно оние со нарушена толеранција на гликоза или инсулинска резистенција.
- Наследен ризик за дијабетес: Берберинот како додаток се препорачува за превенција кај лица кои имаат семејна историја на дијабетес.
- Покачени вредности на холестерол и триглицериди: Студиите потврдиле дека берберинот позитивно влијае врз липидниот профил (LDL холестеролот и триглицеридите), што го прави корисен за лица со дислипидемија.
- Покачена телесна тежина и метаболен синдром: Вклучувањето на берберинот во исхраната помага во намалување на телесната тежина и го поддржува здравјето на кардиоваскуларниот систем, особено кај лица со метаболен синдром (комбинација од дебелина, висок крвен притисок, зголемени вредности на шеќер и маснотии во крвта).

Берберинот сега е достапен и кај нас!
Од неодамна, берберинот е достапен и кај нас. Може да се набави од поголемите аптеки или преку онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава до дома. Го препорачуваме Berberine од NOW. Бидејќи берберинот е познат по својата ограничена биорасположивост, овој производ вклучува капринска киселина (C10, триглицерид со среден ланец) за промовирање на оптимална апсорпција и одржување на гастроинтестиналниот комфор за време на суплементација на берберин.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 ч. или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Важно: Консултирајте се со лекар пред употребата, особено ако веќе користите лекови или имате хронични заболувања.
Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?
Текстот е овозможен од vitamini.mk
