По повод освоеното прво место за најдобар сајт за Храна и здравје, ве покануваме на нашето бесплатно предавање – вебинар во среда на 23.12.2020 г во 18:00 часот. Ќе зборуваме како може да се зајакне имунитетот овој период, која храна се препорачува, кои совети треба да се применуваат, а ги препорачуваат нутриционистите и докторите.

Агенда
Времетраење на предавањето: 18:00 – 18:45 часот.
Ден: 23.12.2020 година (среда)
Говорници на предавањето ќе бидат:
- М-р Марија Кочовска
- М-р Катерина Шамбевска Спасеновски
- Марија Апостоловска (нутриционист).
Вебинарот ќе се одржи преку Google Meet платформата, а бројот на места е ограничен. За да учествувате пополнете ја апликацијата на линкот:
https://forms.gle/BRvCyRb69BxPPE4Q8
или пишете ни меил на info@sezahrana.mk за да ви дадеме линк до предавањето. Пријавувањето е најдоцна до вторник до 16:00 часот.
Линкот за предавањето ќе биде испратен на меил во понеделник и вторник.
Се гледаме во среда!
*Вебинарот е поддржан од Општина Битола.