Секое време е добро кога треба да се проба нешто вака вкусно! Постите се време кога вака добри и посни рецепти се добредојдени, па имаме еден супер предлог од Кате. Направете си ги деновите поубави со слатки посни кифли.
Филот е мармалад и препорачуваме да биде по ваша желба. Може да искористите нешто што ви се нашло дома или да отидете и да купите специјален вкус по желба. Важно е дека ќе уживате во крцкавата структура и слаткиот вкус на секое залче.

Состојки:
- 300 гр пченично брашно
- 200 гр интегрално брашно
- 300 мл масло
- 150 мл топла вода
- 1 ќесичка прашок за печиво
За полнење:
- мармалад по потреба со вкус по желба
За валкање:
- околу 200 гр шеќер во прав.
Подготовка:
- Измешајте ги маслото и водата.
- Додајте го прашокот за печиво и измешајте.
- Постепено додавајте од двата вида на брашно.
- Мешајте најпрво со лажица, а откако ќе почне да се формира тестото продолжете да мешате со рака. Ако ви изгледа многу меко додајте уште малку брашно.
- Замесеното тесто поделете го на 2 дела (а ако сакате помали кифлички тогаш поделете го на 3 дела).
- Секоја топка тесто расукајте ја во кора со кружна форма и исечете ја на 8 дела.
- На секој дел ставете мармалад и завиткајте кифличка.
- Кифличките наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги веднаш на 200 степени, околу 25-30 минути.
- Додека се топли свалкајте ги во шеќер во прав.
- Оставете ги да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Повеќе начини како да премачкате посни кифлички.