Брза крем салата со ориз и мајонез

Дали и вие обожавате крем салати?! –  Нам ни се омилени! Постојано сме во потрага по лесни и брзи рецепти за ладна крем салата која совршено ќе се вклопи со секаков вид на јадења. И баш таква е оваа крем салата со ориз и мајонез, брза за подготовка, а лесна и вкусна за јадење!

Пробајте ја и кажете ни како ви се допадна. Таа е супер предлог за зимските денови кога сѐ поретко се наоѓаат свежи зеленчуци. Совршено одговара со скара или како прилог со главниот ручек. Комбинацијата од ориз, крцкав зеленчук, кромид и мајонез е совршена. Тоа што се подготвува лесно и не мора да сечкате со часови, е уште еден огромен плус кој е мотиватор да ја пробате.

салата со ориз и мајонез 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Оризот и зеленчукот сварете ги во посебни садови и оставете ги да се изладат.
  2. Во меѓувреме исечкајте ги кромидот и пиперката.
  3. Во голем сад за салата измешaјте ги варениот ориз, варениот зеленчук, сечканите кромид и пиперка.
  4. Додајте ги и киселата павлака и мајонезот. Доколку ставите поголема количина на мајонез, намалете од павлаката и обратно.
  5. Вака подготвената салата со ориз и мајонез зачинете ја со мешан сув зачин Дафинка, сол и црн пипер по вкус. Послужете ја ладна како прилог со скара или печено месо. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Бела крем салата со компир и мајонез.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: