Брза овошна торта со јагоди без печење

Овошна торта со јагоди без печење, што може да биде подобро? Топлите денови со совршени за десерт кој ќе ве освежи и заблажи во исто време! Во оваа прилика ви откриваме супер брз рецепт за торта без печење која ја направи Марија Кочовска од нашиот тим.

Таа вели: „Јагоди и ванила споени во нов, летен и освежителен сладок хит! Направив превкусна овошна торта со јагоди која верувам дека ќе го освои сечиј вкус. Идеална е за роденденски и матурски забави и што е најважно, нема печење, а доволни ви се 30-тина минути за подготовка. А ви снимив и кратко видео додека ја подготвував тортата, па се надевам дека ќе ве мотивирам да ја испробате во првата прилика.“  

овошна торта без печење

Состојки:

  • 1 пакување Vincinni меки кори за торта
  • 500 мл слатка павлака
  • 200 г бело чоколадо за готвење
  • 100 г мармалад од јагоди
  • 300 г јагоди. 

За декорација:

  • 100 г шлаг пена
  • 200 мл ладно млеко. 

Подготовка:

  1. Во сад на тивок оган ставете ги чоколадото и 100 мл слатка павлака. Мешајте додека чоколадото се растопи. Садот тргнете го од огнот и оставете го да се излади. Филот треба да биде млак.  
  2. Јагодите исчекајте ги на коцки. 
  3. Преостанатата слатка павлака изматете ја со миксер. Потоа додајте го филот со белото чоколадо и измешајте со шпатула.
  4. Земете две кори и пресечете ги на половина, така што ќе добиете 4 кори. 
  5. Врз првата кора ставете 1 до 2 лажици мармалад од јагоди и премачкајте ја кората. Потоа ставете ¼ од филот со слатката павлака, распоредете го филот и додајте сечкани јагоди. Ставете ја втората кора. Повторете ја постапката – кора, мармалад од јагоди, фил со слатка павлака и сечкани јагоди. Ставете ја и третата кора и повторете ја постапката. 
  6. На крај ставете ја четвртата кора и премачкајте ја тортата со филот од слатка павлака. Ставете ја во фрижидер 2-3 часа за да се спојат вкусовите. 
  7. Во сад за матење ставете ги шлаг пената и ладното млеко. Изматете ги 3-5 минути за да се добие цврст шлаг. Тортата премачкајте ја со шлаг пената и декорирајте ја по желба со свежи јагоди. Подготовката на тортата погледнете ја видеото. На здравје!

Совети плус:

  • Доколку мармаладот е многу цврст, пред да го нанесете врз корите, кратко затоплете го.  
  • Ако имате повод за прослава искористете ги сите 3 кори, направете поголема торта и исечете мини коцки. 

Препорака од авторот:

Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

торта со јагоди

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Брз чоколаден мус без јајца.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Vincinni.

Сподели: