Брза палента со тиквички и магдонос за 5 минути 1

Брза палента со тиквички и магдонос за 5 минути

Вкусен оброк за 5 минути и тоа може да го приготви секој кој ќе посака! Да, да, баш како што читате, навистина се потребни само неколку минути и нема никаква комплекснот! Во наредните пет минути веќе ќе бидете седнати на трпезата и ќе уживате во јадењето. За наутро како појадок или за кога што ќе останете без идеја што да јадете, пробајте ја нашата експресно брза палента со тиквички и магдонос.

Често пати, во моментите како што ние се инспириравме за овој рецепт, може да имаме недоволно време за сите задачи кои треба да ги завршиме во денот. Тогаш проработува креативноста и се создава едноставна и добра идеја. Ако имате желба за нешто ново или едноставно ви е потребно нешто брзинско и сакате да зготвите хранлив и вкусен оброк, вреди да пробате. Одлично е за целото семејство.

Брза палента со тиквички и магдонос за 5 минути 2

Може да ве интересира: Како да направите совршена палента?

Состојки:

  • 1/2 чаша палента
  • 1 чаша вода
  • 1 помала или половина од поголема тиквичка
  • свеж магдонос по потреба (ливчињата од 10-тина гранчиња, зависно од големината)
  • 1 лажиче путер
  • хималајска сол по вкус
  • малку бело сирење за сервирање/декорација по желба.

Подготовка:

  1. Водата ставете ја во сад на оган и оставете да зоврие.
  2. Во меѓувреме измијте ја, излупете ја и изрендајте ја тиквичката, па веднаш додадете ја во садот со водата на оган. Оставете да врие само 2-3 минути.
  3. За тоа време измијте го магдоносот и малку исечкајте го, па додајте го во садот со водата која врие.
  4. Исто така, додајте го и путерот, нема потреба да е запржен, доволно е да се стопи и да се разнесе аромата низ течноста.
  5. Не мора да чекате, туку последователно ја додавате и палентата, а при тоа треба постојано да мешате со жица за матење уште 2-3 минути и јадењето е готово.
  6. Сервирајте топло и по желба декорирајте со малку рендано сирење и гранче магдонос. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: “Кашел” пикантна палента со зеленчук.

Сподели: