Брза посна компир салата со авокадо и спанаќ 1

Брза посна компир салата со авокадо и спанаќ

Повкусна од што изгледа! Често сме навикнале да јадеме компир салата, но ретко ја подготвуваме на малку покреативни начини. Овој рецепт за брза посна компир салата има баш таква намена, да го израдува нашиот стомак и да го размрда секојдневното мени!

Уживаше целото семејство, веруваме и кај вас ќе биде така. Пробајте ја во првата дадена прилика пријатели.

Брза посна компир салата со авокадо и спанаќ 2

Состојки:

  • 4 компири
  • 1/2 главица кромид, а во сезона на млад кромид може да се употребат и листовите
  • неколку листови спанаќ (барем 7-10 ливчиња)
  • 1 авокадо
  • сок од 1/2 цеден лимон
  • малку екстра девствено маслиново масло за вкус
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Компирите добро измијте ги и сварете ги со се лушпа. За да не се распаднат за време на варењето, може да додадете малку сол. Кога компирите се сварени (доволно меки, но не преварени) исцедете ја водата и кратко почекајте да се изладат. Излупете ги, па исечете ги на коцки со големина од 2 см.
  2. Авокадото излупете го и исечкајте го на парчиња.
  3. Кромидот излупете го и исечкајте го на многу тенки резанки, а спанаќот измијте го и исечкајте го крупно.
  4. На крај, зачинете со цедениот сок од лимон и екстра девствено маслиново масло по потреба.
  5. На крај зачинете со сол и црн пипер по вкус и уживајте во салатата. Превкусна е, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Салата од компири, праз и целер.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: