„Кога ми треба брз и лесен десерт за да пречекам гости, а да е вкусно и убаво, оваа брза раванија со кокос ми е прв избор!“- вели Катерина од нашиот тим, која ја приготви превкусната раванија.
„Рецептот е стар, традиционален, од тефтерот на мајка ми и ми е испробан безброј пати. Ништо сложено, може секој, пробајте! – За да биде вака златно жолта, ја направив со домашни јајца, па ако имате можност да најдете, топло препорачувам.“ – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Состојки:
- 3 јајца
- 12 лажици шеќер
- 12 лажици брашно
- 12 лажици Брилијант масло
- 12 лажици млеко
- 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 100 г кокос од Витаминка
За шербет:
- 600 мл вода
- 400 г шеќер
За декорација:
- 50 г кокос од Витаминка.

Подготовка:
- Јајцата со шеќерот се матат со миксер додека се појави убава трага од маталките.
- Во сад се мешаат сувите состојки – брашното, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и кокосот.
- Во садот со јајцата се додаваат маслото и млекото, па се додаваат сувите состојки и се меша со лажица.
- Тавата за печење (бр. 28 или 30) намрсете ја со масло и ставете тенок слој брашно. Печете во загреана рерна на 180 степени, за време од 20-25 минути. Оставете да се излади.
- За шербетот, ставете ја водата да зоврие заедно со шеќерот колку да се стопи. Изладениот пандишпан полевајте го рамномерно со лажица, со топол, но не врел шербет. Декорирајте со кокос пред служење. На здравје!

Совети плус:
- Во пандишпанот не мора да ставите 100 г кокос, убаво е и со 50-70 г, проверено ми е, но со кокосов кој го наведов, затоа што има полн вкус.
- Декорацијата не е задолжителна, може да се изостави или да се менува по желба.

Препорака од авторот:
Обожавам, брзи, вкусни и лесни рецепти! – Па, ако ви се допадна предлогов, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram: @katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Лесен рецепт за посни пиварки со ореви.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.