Расположението деновиве е на највисоко ниво и ви припремивме нешто супер брзо, а многу вкусно! Може да си направите за дома или да поканите гости, ќе си поминете супер! Па, кој е за брзи печени ражничи со зеленчук и помфрит?! – прашуваат Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од нашиот тим.
За време на една спонтана гурманска дружба креиравме нешто што многу ни се допадна, па ја снимивме и сликавме постапката за најлесно паметење. – додаваат Катерина и Марија, кои може да ги заследите и на нивните Инстаграм профили @katerina.shambevska и @kocovska.marija.

Состојки:
*За 4 лица (12 ражничи)
- 600 грама пилешки стек од Слога
- 600 грама свинско каре (удина) од Слога
- 600 грама замрзнат помфрит од Слога
- сол, црн пипер, оригано и масло по потреба.
Дополнително по вкус:
- 1/2 главица кромид
- 2 пиперки
- 3-5 шампињони зависно од големината
- рендан Royal Gold кашкавал од Слога по потреба
- салата за прилог по желба.
Подготовка:
- Помфритот ставете го во сад и зачинете го со масло, сол и црн пипер по вкус. Ставете го да се печи во тава обложена со хартија, 30 минути на 220 степени во претходно загреана рерна.
- Свинското каре и пилешкиот стек исечете ги на коцки со големина 1.5 до 2 см, а потоа зачинете ги по вкус со масло, сол, црн пипер и оригано, па измешајте.
- Кромидот и пиперките измијте ги и исечете ги на покрупни парчиња. Печурките измијте ги и исечете ги на четвртини или половини, зависно од големината.
- Ражничите редете ги парче месо, парче кромид, парче месо, парче печурка, па пак месо, па пиперка и завршете со месо. Повторете ја постапката додека сте готови со сите свински и пилешки ражничи.
- Печете во плех обложен со хартија, 35-40 минути на 220 степени во претходно загреана рерна.
Врз печените ражничи нарендајте кашкавал по вкус. Послужете сѐ и на здравје!
Совети плус:
- Редењето на ражничите може да го правите по своја желба, а зеленчуците и зачините може да ги замените или изоставите по вкус.
- Ако имате скара или грил тава, може да ги испечете и на тие начини.
- Помфритот по желба може да го испржите.
- Месото од Слога се покажа одлично за ражничи, па даваме позитивна препорака.

Автори на рецептот: Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска.
За повеќе испробани рецепти заследете ги на инстаграм на: @katerina.shambevska и @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Посен велигденски рецепт – „Потковици“ во зелен сос.
*Рецептот е поддржан од Слога.