Ви се грицка нешто вкусно? Направете брзи посни кубети со лук и магдонос. Вкусните макала од лук на Рајска градина ни беа инспирација за подготовка на нов, вкусен и посен рецепт.
Обожаваме домашни кубети, а тоа е супер можност да се искористи преостанатиот леб од претходниот ден. Исто така, домашните кубети ги користиме како додатоци во крем супи или омилената цезар салата. А кога сме кај тоа ви препорачуваме да прочитате за тарагонот како моќен носител на вкусови и зачин кој ја крие тајната за добра „Цезар“ салата! Имате многу можности за да ги користите, а доволни ви се само 10-тина минути за подготовка. Освен тоа, совршени се за децата и за целото семејство. Гостите и друштвото ќе ве обожаваат!

Состојки:
- 1 багет (или леб по желба)
- 3 лажици макало од лук со магдонос од Рајска градина
- сол и мелен црн пипер по вкус
- свеж или сув магдонос од Рајска градина по желба.
Подготовка:
- Рерната приклучете ја да се загрева на температура од 180 степени.
- Багетот пресечете го по должина на два еднакви дела.
- Секој дел премачкајте го со макало од лук со магдонос. Доколку сакате поизразен вкус на магдонос, лебот зачинете го со ситно сечкан свеж или сув магдонос.
- На крај посолете и наросете мелен црн пипер.
- Багетот исечете го на коцки со големина по желба.
- Кубетите ставете ги да се печат во загреаната рерна. Печете за време од 10 до 15 минути, додека поруменат и станат крцкави.
- Кубетите послужете ги топли со доматен сос по желба или искористете ги како додаток во супи или салати. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Солени стапчиња со оригано, буковец и копар.
*Спонзориран рецепт