брзи проја мафини

Брзи проја мафини – здрави и сочни

Ти треба здрава идеја за појадок на целото семејство? Направи брзи проја мафини. Се прават за 5 минути (несметајќи го времето за печење) и тоа без миксер. За појадок со чаша јогурт се совршени! 

Приготвени од здрави состојки за енергичен старт на денот. Не содржат глутен, а во смесата може да се додадат и други зеленчуци по избор како пиперки, маслинки, маринирани шампињони, праз… 

брзи проја мафини

Придобивки плус од состојките кои се користат:

Пченакрано брашно

Пченкарното брашно е богат извор на растителни влакна, антиоксиданти, витамини и минерали. Исто така содржи и одредена количина на протеини и масти. Добар е извор на витамини од Б-комплексот и на многу антиоксиданти како што се: антоцијанини, лутеин, бета-каротен, зеаксантин, кумаринска киселина, ферулична киселина.

Ладно цедено масло од сончоглед

Ладно цеденото сончогледово масло содржи повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксиданс и позитивно влијае врз човечкото тело. Богато е со масни киселини кои обезбедуваат енергија за преку денот. Покрај тоа, ова масло содржи голема количина на Омега-6, која е неопходна за мозокот и правилно функционирање на организмот. Во Македонија, ладно цедено масло од сончоглед произведува иновативна компанија Фила, каде се произведуваат и различни ладно цедени масла. Во нивната палета се вбројуваат ладно цедено сончогледово масло од 500 мл, 750 мл, 1000 мл. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница

Доволно добри причини за да ги направиш уште денес! Ајде да започнеме:

состојки за брзи проја мафини

Состојки:

  • 2 јајца
  • ¾ чаша јогурт 
  • ⅓ чаша ладно цедено сончогледово масло од Фила
  • 1 ½ чаши пченкарно брашно
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • Сол по вкус
  • 200 г фета или бело сирење по избор
  • 1 чаша сечкана блитва или спанаќ по желба.

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги јајцата и изматете ги со жица за матење. Потоа додајте ги јогуртот и ладно цеденото маслото. Измешајте. 
  2. Брашното, прашокот за печиво и солта измешајте ги во чинија, а потоа додајте ги во сместата со јајцата. Додајте го сирењето и посолете по вкус. По желба додајте сечкана блитва или спанаќ. 
  3. Смесата распоредете ја во калап за мафини и печете ги во загреана рерна на 200 степени за време од 15 до 20 минути. Печените мафини извадете ги од рерната и оставете ги кратко да се изладат. Потоа послужете ги. На здравје!
Нутритивна анализа за проја мафини

Совети плус:

  • Големината на чашата е 240 мл. 
  • Ако сирењето е солено, не додавајте сол во смесата. 
  • Смесата може да ги ставите и во калап со 24 мали мафини. Во овој случај печете максимално 15 минути.
  • Мафините може да ги испечете во силиконски калапи за да може најлесно да се извадат по печењето.  

Може да те интересира: Овесни колачиња со брусница и цимет.

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: