Брзи проја мафини 1

Брзи проја мафини

За добро утро и убав почеток на денот, направете ги овие брзи проја мафини. Сервирајте си ги нив и топло црно кафе или чај и препуштете се на уживањето. Супер се и ако сакате да ги понесете на работа, на пикник или за планинска авантура!

Рецептот ни доаѓа од станицата на нашата пријателка Лана и сигурни сме дека е добар, па препорачуваме да си ги направите кога ќе ви се појави првата можност.

Брзи проја мафини 2

Може да ве интересира: Солени мафини со спанаќ и сирење.

Состојки:

  • 200 гр пченично брашно
  • 100 гр пченкарно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 75 мл масло
  • 250 мл јогурт или млеко
  • 2 јајца
  • 1-2 млади лукчиња или 1 чешне лук
  • 75 гр сечкани зелени маслинки
  • 75 гр кашкавал
  • малку мелен црн пипер.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги прво двете видови на брашно, па додајте го прашокот за печиво и измешајте.
  2. Во друг сад турете го маслото, јогуртот или млекото и додајте ги претходно изматените јајца.
  3. Лукот и маслинките ситно исечкајте ги и додајте ги во садот со течните состојки.
  4. Кашкавалот изрендајте го ситно, а при тоа малку издвојте за посипување одозгора. Остатокот од кашкавалот измешајте го со другите состојки.
  5. На крај, измешајте ги сите состојки заедно во хомогена смеса.
  6. Калапот за мафини намрсете го и поросете го со брашно и распоредете ја припремената смеса.
  7. Печете околу 30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови, а кратко пред печењето додајте го ренданиот кашкавал, по малку на секое од мафинчињата. Превкусни се и топли и ладни, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Солени мафини со мелено месо.

Сподели: