Вкусно патување со сетилата и мислите никогаш не штети! Ви предлагаме да го пробате нашиот брз рецепт за тестенини со домашен доматен сос, кој ќе го освои вашето семејство. Се подготвува многу лесно и што е важно, едноставно од само неколку состојки, а вкусот е неверојатно добар.
Сочност и свежина во секое залче, а потребно е кратко време за јадењето да е на трпезата.
Состојки:
- 500 г шпагети
За сос:
- 7-8 средно големи и зрели домати
- масло по потреба
- свеж босилек по вкус (за замена може да користите оригано)
- 1/2 до 1 лажиче црн пипер
- 1/2 до 1 лажиче сол или по вкус.
За сервирање и декорација:
- рендан пармезан по потреба
- неколку ливчиња босилек, а може и друг зачин по желба.
Подготовка:
- Најпрво ставете ги шпагетите да се варат според упатството на пакувањето.
- Потоа подгответе го доматниот сос. Доматите измијте ги и засечете ги на врвовите во вид на крст, односно и попречно и надолжно во линија со должина од 1 до 1,5 см. Тоа ќе помогне подоцна лесно да ги излупите.
- Така припремени ставете ги во вода која врие и оставете ги во неа околу 3-4 минути, а потоа излупете ги. Лупењето започнете го од засечените краеви.
- Излупените домати сечете ги на ситни коцки.
- Потоа, во тава на оган загрејте малку масло и додајте ги доматите исечкани на коцки. Динстувајте ги со повремено мешање, додека сосот стане кремаст. За време на динстувањето додајте ги солта и црниот пипер.
- Пред крајот исечкајте го поситно свежиот босилек или ако немате, за замена може да користите оригано. Откако ќе го додадете, гответе само кратко.
- Исцедените и сварени шпагети сервирајте ги во чинии, а потоа врз нив сервирајте од домашниот доматен сос и поросете рендан пармезан.
- Декорирајте со ливчиња свеж босилек или по желба, друг зелен зачин.
Едноставно и брзо, до вкусно решение за ручек или вечера, нели?! – На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Кремасти тестенини со тиквички.