,,Омилениот појадок бр.2 за летово! Свежо, слатко, хранливо и многу нутритивно! Едноставен и совршен за секоја возраст и занимање. Брз лесен појадок за енергичен ден добро ќе дојде за секого, па топло препорачувам да го пробате. ” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
,,Супер за добро варење, за одржување и намалување на телесна тежина, а што е важно, убава комбинација и за оние кои не можат да консумираат млеко. По мој вкус, појадок без маана! ” – со насмевка вели Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Состојки:
- 40 г овес или околу 4 лажици
- 1 лажица чиа семе
- 1 лажиче ленено семе
- 1 лажиче сончоглед
- 1 лажиче цимет
- 10-тина зрна суво грозје
- 10 сечкани бадеми или микс со ореви и лешници
- 200-250 мл јогурт
- сезонско овошје или микс од овошја: смокви, праски, сливи, банани на ситни парчиња.
Подготовка:
- Ставете ги сите суви состојки во чинија.
- Додајте го јогуртот и убаво измешајте.
- На крај додајте го и сечканото овошје. По желба измешајте и на здравје!
Совети плус:
- Оброкот може да го припремите порано и да стои во фрижидер, а за овошјето сепак препорачувам да се додаде непосредно.
- Ако обожавате поблаго, додајте 1 лажиче мед.
Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Овошен јогурт со овес и чиа – здрав, вкусен и брз појадок.