Брз протеински оброк: Пржени јајца со шунка и кашкавал

Брз протеински оброк: Јајца со изварка и кашкавал

Подгответе си појадок како од ресторан, а едноставно! – Има стотици начини за подготовка на јајца со изварка, со сирење, со кисела павлака, шунка или сланина, печурки, пиперки, домати, кромид, зачини по избор…. Многу различни состојки може да се користат за надополнување на вкусот, а можностите се бесконечни.

Денес лекарите препорачуваат да јадете по едно јајце дневно. Тие се извор на неопходните протеини потребни за градење на мускулите. Јајцето е добар сојузник и за бремените жени. Протеините што ги содржи се богати со аминокиселини, кои се важни за добар развој на фетусот, а железото, витамините А и Д придонесуваат за да се зголеми силата на скелетот и притоа да се поттикне подобар раст. Покрај тоа, јајцата се многу корисни за косата и кожата. Не случајно се скоро секогаш застапена состојка во домашно подготвените маски и средства за прехрана и разубавување на косата и кожата. Доволно причини за да го започнете денот со порција јајца, нели?

Брз протеински оброк: Пржени јајца со шунка и кашкавал

Состојки:

  • 2 лажички путер
  • 1/2 главица ситно сечкан кромид
  • 4 изматени јајца
  • 1/3 чаша рендан кашкавал
  • 1/3 чаша изварка
  • сол и црн пипер по вкус.

Прелив за сервирање:

Подготовка:

  1. Во тава на средна температура растопете 1 лажиче од путерот.
  2. Ставете го кромидот, и кратко пропржете (околу 3-4 минути).
  3. Префрлете го во чинија и оставете малку да се излади.
  4. Потоа, изматете ги јајцата и во нив додајте го изладениот кромид, ренданиот кашкавал, изварката и зачинете по вкус.
  5. Лесно замешајте и одново затоплете ја тавата во втората лажичка путер внатре, па ставете ја смесата со јајца да се испржи.
  6. Сервирајте во чинија и прелијте ги јајцата со преливот од ладно цедено масло од семки од тиква. Декорирајте по желба на здравје!
Брз протеински оброк: Јајца со изварка и кашкавал

Совети плус:

  • За подготовка на рецептот, по желба, наместо изварка може да додадете сланина.
  • Ако сте љубител на поинтензивни вкусови, додајте зачини по избор.

Наша препорака:

За збогатување на овој рецепт го избравме ладно цеденото масло од семки од тиква на Фила. Ладно цеденото масло од семки од тиква е погодно и за солени и за слатки јадења. Се користи за подготовка на супи и сосови и во некои австриски пекарски производи. Маслото од семки од тиква има богат, јаткаст вкус и многу добро се вклопува во разни преливи за салати и маринади. Може да се користи и како прелив преку варени оброци. Пожелно е ладно цедените масла да не се користат за термичка обработка на јадењата.

пржени јајца

Ладно цеденото масло од семки од тиква сега може да го набавите со 10% попуст од поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила.

Ви предлагаме да прочитате: Брза и лесна салата со компири и спанаќ.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан и инспириран од Фила.

Сподели: