брз чоколаден мус во чаша без јајца

Брз чоколаден мус без јајца

На ваше и наше задоволство, пред неколку дена го одржавме кулинарското шоу „15 минути“ во кое за 15 минути Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од нашиот тим ви презентираа како да си подготвите превкусен и брз чоколаден мус во чаши. Се дружевме, поразговараме и разменавме идеи за повеќе брзи испробани рецепти. Дел од вас посакаа рецептот да го ставиме на sezahrana.mk и да остане во богатата архива на испробани и препорачани рецепти. Па, драги читатели ве потсетуваме на рецептот и првата епизода на подолу прикажаното видео.

Овој пат најбрза беше Марија од нашиот тим и се пријави за подготовка на брзиот десерт. А кои состојки ви се потребни и како може да го направите превкусниот чоколаден мус во чаши погледнете во текстот или видеото. 

брз чоколаден мус во чаша

Состојки:

За декорација:

Подготовка:

  1. Наполитанките ги сечкаме и ги ставаме во сечко. Миксираме кратко за да се сомелат. 
  2. Путерот го растопуваме во микробранова или во сад на оган. 
  3. Растопениот путер го додаваме во садот со наполитанките и мешаме да се соединат. Потоа смесата ја распоредуваме во 8 мали чаши.
  4. Слатката павлака ја матиме и ја делиме на два дела, притоа оставаме мала количина за декорација. 
  5. Во една чинија ставаме чоколаден крем, а во друга бел крем и ги топиме кратко во микробранова. 
  6. Во едниот дел од изматената слатка павлака го додаваме чоколадниот крем и мешаме. 
  7. Во другиот дел додаваме од белиот крем и мешаме.   
  8. Во чашите ставаме од белиот мус, а потоа од чоколадниот мус. Декорацијата ја завршуваме со изматената слатка павлака, чоколаден прелив или чоколадни капки.

Постапката за подготовка на чоколадниот мус може да ја погледнете и на видеото

Препорака од авторот:

Од наведените состојки ќе добиете 8 чаши со десерт, а по потреба намалете ја или зголемете ја дозата. Бидете креативни и направете мус по ваш вкус! Може да додадете сечакни потпечени лешници, ореви или кокос по желба. И за крај, ако ти се допадна овој рецепт, заследи ме на социјалните мрежи и разгледај повеќе идеи:

муз без јајца

Ви препорачуваме да прочитате: Велигденска „Зајко“ торта без печење со кори од Винчини.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: