Василичарско мезе од колбаси со топен кашкавал 1

Василичарско мезе од колбаси со топен кашкавал

Колбасите се едно од главните обележја на православната нова година или уште позната како Василица, па по тој повод ви припремивме специјален предлог за Василичарско мезе од колбаси. Рецептот е многу лесен и супер едноставен за изведба, а она што вреди е идејата. Одлични за мезење со зимското црвено вино, а може и со пиво, по желба!

Василица е празник кој се слави во најголемиот број семејства во Македонија. Се собираат друштва, вртат мазник со паричка во исчекување на кој ќе му се падне „среќата“, се забавуваат со другарско коцкање и радувајќи се на сите традиционални навики за уживање на тој ден. Секако дегустирањето на разните специјалитети и богата трпеза не изостануваат. Еве еден вкусен предлог од нас.

Василичарско мезе од колбаси со топен кашкавал 2

Состојки:

  • 700 гр колбаси
  • 350 гр кашкавал
  • малку оригано по вкус.

Подготовка:

  1. Колбасите насечете ги на кругови со дебелина од 7-8 мм.
  2. Кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето.
  3. Во глинен сад наредете ред со круговите од колбаси, па ставете ред од ренданиот кашкавал, поросете оригано и поторно наредете ги по истиот редослед. Наместо вака, за печење можете да употребите повеќе мали алуминиумски садови, во кои редоследот на редење би бил ист, а ќе можете да сервирате на секој по една порција. Постапете онака како што имате замисла да изгледа трпезата.
  4. Ставете да се печи 20-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Послужете топло и наздравете!

Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со доматен сос и колбаси.

Сподели: