Овој рецепт за тестенини со доматен сос и колбаси може да го разубави вашиот ден, а освен тоа да ги израдува дегустаторите околу вас!
Како и многу други, идејата за ова јадење ни доаѓа од нашата добра пријателка со блогот Kuhinjica Mignone. Што и да пробаме од кујната на Лана, можеме само да уживаме во одличниот вкус. Еве уште еден супер вкусен рецепт.

Состојки:
- 500 гр тестенини по избор
- 300 гр колбаси
- 1 модар патлиџан
- 1 црвена пиперка
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 2 домати
- сол и црн пипер
- магдонос или босилек за декорање.
Подготовка:
- Модриот патлиџан излупете го и исечете го на ленти, посолете го и оставете го да пушти сок.
- Потоа, наредете го врз кујнска хартија и откако ќе се ослободите од водата исечете ги на лентите на коцки.
- Доматите кратко ставете ги во врела вода, а потоа излупете им ја лушпата и исечете ги на коцки.
- Кромидот излупете го и исечкајте го на ситни коцки, па пропржете го во малку масло.
- Пиперката измијте ја, исечете на коцки.
- Колбасите исто така, исечете ги на ситни коцки, па пропржете ги заедно со кромидот.
- Потоа, во тавата во која се пржат колбасите додајте го претходно исечканиот зеленчук.
- Сите состојки динстајте ги заедно додека омекнат, а на крај посолете и додајте црн пипер по вкус.
- Во меѓувреме сварете ги тестенините во посолена вода, исцедете ги и измешајте ги со припремениот сос.
- Ситно насечкајте малку магдонос или босилек и послужете топло. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со туна и сос од зеленчук.