Колку и да се нормални и безопасни менструалните болки, можат да бидат многу непријатни кај некои жени. Го отежнуваат секојдневниот живот. Во текстот подолу дознајте повеќе за природните начини на лекување на менструални болки и третманите кои се корисни за употреба.
Медицинскиот назив за болни менструации и грчеви што ги чувствуваме во текот на “тие денови” е дисменореја. Оваа болка ги опфаќа речиси половина од жените кои имаат менструација. Покрај нејзиниот ефект врз квалитетот на животот и општата здравствена состојба, малку жени применуваат одредени третмани кои ги отстрануваат болките, иако многу од нив се достапни.

Хируршки или нехируршки третмани
Во момент на очај жените се решаваат и на хируршки зафат наречен невробластија, во која докторите – хирурзи уништуваат нерви кои водат до матката. Од друга страна, постојат многу лекови и хормонални суплементи кои помагаат при менструални болки, па да ги разгледаме.
Исто така за овој проблем има различни нехируршки третмани и намалување на болката со помош на лекови. Бидејќи болката е предизвикана од воспаление, со цел да се спречи најчесто се користат лекови и суплементи со антиинфламаторни својства, кои успешно помагаат за намалување на менструалната болка кај две третини од жените. Некои жени ги земаат лековите без многу внимание, но треба да бидат свесни за ризикот од нив, кој води кон непосакувани ефекти.
Анти-воспалителна исхрана
Значењето на изборот на намирници
Докажано е дека болката ја предизвикува воспалителен процес. Научниците сами себе се запрашуваат: – Зошто жените не се подложуваат на диета која го намалува воспалението, а со тоа и болката?
Во еднo истражување опфатени се 33 жени кои биле на веганска исхрана за време на два менструални циклуси. Резултатот бил позитивен, жените ја чувстувале болката, но само три дена. За разлика од претходните менструации кога ги осеќале болките четири дена. Исто така, интензитетот на болката бил многу помал.
По два месеци, истражувачите побарале од жените да се вратат на вообичаената исхрана за да ја споредат нивната состојба. Неколку од нив одбиле бидејќи се чувствувале многу подобро со новиот начин на исхрана.
Лекарите ретко се одлучуваат да им препорачаат на луѓето рестриктивна диета и драстични промени во нивната исхрана. Постои мислење дека мал број од нив навистина ќе се придржуваат до таа исхрана. Жените кај кои бил намален интензитетот на менструалните болки, исто така изгубиле дел од телесната тежина и имале зголемено ниво на енергија, подобро варење и подобар сон.
Која храна се препорачува?
Работете на стабилизирање на несоницата
Пореметувањето на сонот пред месечниот циклус е многу чест проблем, кај повеќе жени. А, утврдено е дека недостатокот на сон, доведува до зголемена осетливост на болка, што значи дека би биле поизразени болките за време на ПМС периодот. Бананите помагаат за регулација на природниот ритам и намалување на несоницата.
Консумирајте храна богата со протеини
Започнете го денот така што ќе имате појадок кој е богат со протеини, здрави масти и витамини. Тоа ќе ви ја пружи потребната енергија и ќе го регулира организмот во подоцнежните часови добро да се справува со гладот. Може да изберете просо, паштета од грав или леќа, растителни намази, смути или чиа пудинг со спирулина и слично.
Консумирајте интегрални намирници
Интегралниот ориз и производи од интегрално брашно, содржат сложени јаглени хидрати кои го поттикнуваат дејството на серотонинот – хормонот на среќа. Овој хормон помага за подобро расположение, намалување на нервозата и зголемување на позитивната енергија.
Совет плус: L-Tryptophan е важна за производство на хормонот на среќата – серотонин и хормонот на спиењето мелатонин, кои помагаат во поддршка на позитивното расположение, здравиот сон и правилната функција на имунолошкиот систем. Бидејќи често пати не може да се задоволат потребите на организмот само преку храната, ви препорачуваме да ги посетите поголемите аптеки или онлајн продавницата на Тримекс и да побарате L-Tryptophan. Станува збор за додаток во исхраната, кој е една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира заради што, мора да се внесува преку храната или преку суплементација.
Може да ве интересира: 4 придобивки од внесување на триптофан во исхраната.
Чиа семето го подобрува расположението
Омега 3 масните киселини кои во голема количина ги има во чиа семето го подобруваат расположението, а повеќе истражувања покажале дека имаат позитивно дејство како антидепресиви.
Како што спомнавме и погоре, L-Tryptophan е критична аминокиселина за телото да може да го создаде хормонот на „среќата“ – серотонин, кој помага за зачувување на мирот и постигнување на опуштеност. Повеќе лекови кои се користат за третирање на депресија, делуваат преку зголемување на нивото на серотонин во мозокот. Телото го користи триптофанот за да креира 5-хидрокситриптофан (5-HTP), кој подоцна се трансформира во серотонин. Едно истражување вели дека земањето на триптофан во форма на 5-HTP како суплемент има мал удел во третирање на депресијата, додека се смета дека земањето на L-Tryptophan како суплемент има поизразено влијание. Освен ова, истражувањето покажало дека зголеменото ниво на серотонин, ефективно влијае врз намалување на предменструалниот синдром и неговите симптоми.
Ако сакате да го земете суплементот препорачуваме да се консултирате со својот лекар. А, за дополнителни информации и консултации во врска со неговите својства, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Победете ја главоболката со семки од тиква
Ако ве мачи главоболка, било тоа да е пред месечниот циклус или за времетраењето, магнезиумот ќе ви дојде одлично. Семките од тиква овозможуваат опуштање на крвните садови, со што се намалува главоболката.
Препорака плус: Не треба да имате проблеми со срцето, висок холестерол или крвен притисок за да ве натераат да се храните поздраво. Одлучете се да ја промените вашата исхрана додека сте уште здрави и обезбедете му на телото добра основа за обавување на сите активности.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 најдобри природни лекови за ПМС.