вегански уштипци со сос 1

Вегански уштипци со сос

Кога станува збор за вегански и посни рецепти, често го посетуваме Youtube каналот на dm-drogerie markt Makedonija, каде го најдовме овој супер рецепт за вегански уштипци со сос, кој по наше мислење е супер за мезење за разни пригоди.

Рецептот е изработен во соработка со познатиот готвач од Србија, Филип Ќириќ, па препорачуваме да го пробате. 

Состојки:

За уштипци:

За сос:

Подготовка:

  1. Тиквата измијте ја и изрендајте ја. Тиквичките измијте ги, изрендајте ги и посолете ги со dmBio морска сол, малку притиснете со рацете за да се стопи солта. Оставете ги да отстојат 30 минути, па процедете ги од течноста.
  2. Во поголема чинија ставете ја течноста од dmBio леблебијата. Додајте ⅙ лажичка dmBio морска сол со зачини. Мешајте со миксер додека добиете бела и густа смеса.
  3. Во садот со ренданата тиква додајте 1½ лажичка прашок за печиво, 1½ лажичка лук во прав, 40 грама брашно од леблебија и убаво промешајте за да се соедини смесата.
  4. Во садот со ренданите тиквички, исто така додајте 1½ лажичка прашок за печиво, 1½ лажичка лук во прав, 40 грама брашно од леблебија и убаво промешајте за да се соедини смесата.
  5. Претходно изматената течност од леблебија, поделете ја на 2 дела, па додајте ја по еден дел во садот со тиква и тиквиките. Убаво промешајте и во двата садови.
  6. Загрејте 500 мл dmBio сончогледово масло за пржење, во тенџере со пречник од 22 см.
  7. Со 2 лажици оформете уштипец од смесата со тиквичка. Пржете во добро загреаното масло. Постапката повторувајте ја додека се потроши смесата. Готовите уштипци ставете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
  8. Потоа, истото направете го и со смесата од тиква. Уштипците се готови.
  9. За сосот прво излупете го авокадото. Додајте 220 грама dmBio леблебија, 35 мл dmBio сок од лимон, 50 мл dmBio маслиново масло, 4 грама dmBio сол со зачини, ½ лажичка лук во прав, исечкан копар по потреба. Блендирајте со рачен блендер додека смесата се соедини. Сервирајте и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Веганско крем сирење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: