На Youtube каналот на dm-drogerie markt Makedonija најдовме уште еден посен рецепт кој веруваме дека ќе го обожаваат сите, од најмали до најголеми. Вкусниот веган mac & cheese се прави од органски производи, па така ќе бидете сигурно дека внесувате здрав и хранлив оброк.
Рецептот е изработен во соработка со познатиот готвач од Србија, Филип Ќириќ. Подготовката е толку лесна и едноставна, што и оние кои се помалку искусни во кујната можат да го направат без потешкотии. Пробајте и уверете се!
Состојки:
- 1,5 л + 250 мл вода
- 150 г dmBio тестенини од крупник
- 150 г dmBio индиски ореви
- 170 г тиква
- 30 г dmBio кокосово масло
- 2 dmBio коцки за супа
- ½ лажичка мелена црвена пиперка
- ½ лажичка dmBio куркума
- 30 мл dmBio сок од лимон
- ½лажичка лук во прав
- 1½ лажичка сув квасец
- dmBio бибер во зрно
- ким.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете 1,5 литри вода.
- Штом водата зоврие додајте ги dmBio тестенините од крупник. Варете ги според упатството на пакувањето.
- Сварените тестенини исцедете ги од водата и ставете ги во огноотпорен сад.
- Во длабок сад ставете ги dmBio индиските ореви. Прелијте ги со 250 мл вода и оставете да отстојат околу 30 минути. Потоа исцедете ги од водата и вратете ги во садот.
- Тиквата излупете ја и изрендајте ја. Изренданата тиква ставете ја во блендер.
- Во блендерот додајте ги потопените во вода dmBio индиски ореви, dmBio кокосовото масло, dmBio коцките за супа, мелената црвена пиперка, dmBio куркума, dmBio сок од лимон, лук во прав и сув квасец.
- Во сад за толчење ставете dmBio бибер во зрно и ким по желба. Издробете ги со помош на толчникот и додајте ги во блендерот.
- За да добиете мазна смеса, по потреба додајте ја и водата во која беа потопени dmBio индиските ореви. Изблендирајте со рачен блендер.
- Тестенините прелијте ги со смесата.
- Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 250 степени. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Вегански уштипци со сос.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.