Ако има нешто на кое што без двоумење можеме да дадеме одговор, тоа е прашањето за вкусот кој ни го одбележа детството и кој и ден денес ни е неодолив при секоја дружба и седенка, како мезе пред да се испече скарата, како „најдобар другар“ на сите патувања… Одговорот е ист во сите тие прилики, крцкавиот стоби флипс! Токму тие спомени и уживањето во тој традиционален вкус кое трае и до денес, нѐ мотивира да создадеме нова уникатна комбинација и да откриеме нов вкус преточен во велигденска крем салата со стоби флипс. Препорачуваме без двоумење да ја пробате!
Се прави многу лесно, а сега ќе ви покажеме како. Количината на состојките е доволна за да наполните една чинија за сервирање, па доколку сакате поголема количина, направете двојна доза или повеќе, по потреба.
Состојки:
- 1 чаша варен и исцеден ориз
- 1/2 чаша варена и исцедена златна мешавина
- 80 гр Стоби флипс од Витаминка
- 80-100 мл Витанез екстра мајонез
- 2 варени јајца
- 3-4 кисели краставички
- 100 гр кашкавал.
Подготовка:
- Најпрво сварете го и исцедете го оризот. Исплакнете го со ладна вода и оставете го убаво да се исцеди. Ако сакате да погледнете како може да сварите совршен ориз, кликнете тука.
- Исто така сварете ја и исцедете ја и златната мешавина.
- Во меѓувреме сварете ги јајцата, а штом се изладат, излупете ги и ситно исечкајте ги.
- Киселите краставички исечкајте ги на мали коцки.
- Кашкавалот изрендајте го или ситно исечкајте го.
- Стоби флипсот издробете го на ситни парчиња, исечкајте го или измелете го по желба. Ние избравме да го издробиме и беше мнoгу вкусно.
- Во поголем сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте ги. Декорирајте по желба и на здравје!
*Комерцијален рецепт
Ви препорачуваме да прочитате: Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила.