Нашиот пријател Давор подготви прекрасни Велигденски зајачиња од тесто! Како што тој ни ги опиша, уште може да ги наречеме празнични мини погачи, а бидејќи се многу симпатични со задоволство ги споделуваме со сите вас.
Давор на неговата страница вели „Се ближи Велигден, а секојдневно во кујната ми текнуваат декоративни креации, кои ќе бидат воодушевувачки за вашето семејство и пријатели. Искористете ги овие празнични мини погачи – зајчиња, за да ги изненадите најмладите во семејството.“

Состојки:
За тесто:
- 900 гр брашно
- 400 мл млеко
- 2 белки
- 1/2 квасец
- сол по вкус
- 4 лажички шеќер (или 2 големи лажици)
- 100 мл масло за јадење.
За декорација:
- каранфилчиња за очите
- бадеми забите.
Подготовка:
- Замесете тесто од сите состојки и оставете да нарасне за време од околу 60-70 минути.
- Започнете да ги оформувате зајчињата на тој начин што целото тесто ќе го поделите на 4 еднакви дела.
- Од секој дел земете поголемо парче за стомакот, малку помало парче за главата (исто како на сликата) и 6 помали парчиња за рацете и нозете и ушињата.
- За очињата ставете каранфилче , а за забите исечкани бадеми.
- Оставете ги повторно да нараснат околу 30 минути, па премачкајте ги со жолчка.
- Печење во загреана рерна на 180 степени, за време од 25-30 минути. Добар апетит и забавно готвење.
Среќни празници!
Рецептот го испратил: Давор Панчевски, Dave’s Kitchen.
Ви препорачуваме да прочитате: Традиционален Велигденски милиброд (козињак).