Нека биде празнично и весело! Внесете ја велигденската магија во својот дом и израдувајте ги сите. Пригответе кремасти, велигденски слатки јајца со богат вкус на јагода и тоа само од 4 состојки.
Поканете ги и децата да ви се приклучат во оваа слатка авантура и уживајте во убавите моменти на радост. Подготовката е едноставна, а комбинацијата од бело и розово чоколадо, слатка павлака и џем од јагода ќе го задоволи сечиј вкус!

Состојки:
- 50 г бело чоколадо за готвење
- 150 г розово чоколадо за готвење со вкус на јагода
- 8 мали лажички џем од јагоди од Рес-Ком
- 100 мл слатка павлака.

Подготовка:
- Белото чоколадо искршете го на коцки и растопете го во сад на пареа или во микробранова печка.
- Во друг сад ставете 50 г розово чоколадо и растопете го.
- Со помош на готварска четка или мала лажичка растопеното чоколадо ставете го во силиконски калап со форма на јајца.
- Калапот ставете го во замрзнувач за време од 20 минути.
- Во меѓувреме во мал сад на оган ставете ја слатката павлака да се загрее. Во загреаната павлака додајте 100 грама розово чоколадо. Мешајте на тивок оган за да се растопи чоколадото, а смесата да не зоврие.
- Штом чоколадото се растопи, тргнете го садот од огнот и оставете го 15 минути да се излади. Потоа смесата ставете ја во сад за матење и изметете ја со миксер додека се згусти и се добие крем.
- Чоколадните јајца извадете ги од калапите. Во секое јајце ставете ½ мала лажичка џем од јагоди, а потоа од кремот со слатката павлака. Уживајте во фантастичниот празничен вкус и засладувајте се со вашето ремек дело!

Наша препорака
За највкусни десерти ги препорачуваме џемовите и мармаладите на Res-Kom Resen. Ако сакате да ги испробате слатките јајца, изберете го најдобриот џем од јагоди. Од Рес-Ком имаат и џем од сливи, праска, а сочни десерти може да подготвите и со мармалад од кајсија, шипка или мешано овошје. За да дознаете повеќе за производите на Res-Kom Resen, посетете ја нивната фан страница или нивниот инстаграм профил.
Ви препорачуваме да прочитате: Италијанска пита – кростата со џем од јагоди.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.