Вратете ја мекоста на старите крпи со помош на киселина

Вратете ја мекоста на старите крпи со помош на киселина

Сигурно сте забележале дека по само неколку перења новите крпи ја губат својата мекост, без разлика каков омекнувач и да користите. Затоа, ние пронајдовме неколку супер едноставни совети кои ќе ви помогнат да им ја вратите мекоста на старите крпи.

Најчесто, крпите стануваат груби и ја губат својата мекост поради употребата на комерцијални прашоци за перење и тврдата вода. Но, за среќа постојат неколку трикови кои може да ја неутрализираат оваа појава и да ги направат крпите повторно меки, исто како нови.

мекост на стари крпи

Одделно перете ги крпите

За почеток крпите перете ги посебно и не ја претрпувајте машината. Важно е да не ги мешате со други ткаенини, затоа што некои материјали може да ги оштетат.

Користете помала количина на омекнувач

Иако може да ви звучи по малку чудно, но за време на перењето на крпите користете што помалку омекнувач. Најчесто омекнувачите содржат ензими кои со тек на време ќе создадат слој кој потсетува на восок и потполно ќе ја уништи моќта за впивање на крпите. Исто така, користете само половина од препорачаната количина на прашок за алишта кога перете крпи.

Двојно вклучувајте ја програмата за плакнење и користете алкохолна киселина

Се препорачува крпите да се перат на највисоката температура на машината и два пати да се плакнат. За време на првото плакнење додајте ½ чаша алкохолна киселина која ќе им ја врати мекоста. Таа, исто така ќе помогне за отстранување на вишокот на прашок. Второто плакнење во целост ќе го отстрани непријатниот мирис на киселината од крпите.

Во машината за сушење додајте топче за тенис

Доколку крпите ги сушите во машина за сушење, тогаш послужете се со стариот добар трик. Заедно со крпите ставете  и топче за тенис, кое во текот на сушењето нежно ќе ги удира и ќе им ја врати нивната мекост. Овој трик применувајте го за секое сушење на крпи.

Ви препорачуваме да прочитате:  Домашен омекнувач на алишта со две состојки.

Сподели: