Галерија од креативна работилница „Со боите на храната креираме уметност“ 1

Галерија од одржаната креативна работилница „Со боите на храната креираме уметност“

Во рамките на Битфест 2017, на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, на плоштадот Магнолија во Битола, Сѐ за храна одржа креативна работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. На истата беа презентирани креативни мозаици и цртежи од храна, декорации со храна и предмети кои се употребуваат во домаќинството, рециклирани шишиња и тегли кои беа претворени во украсни детали за домот или за изработка на накит и слично.

Галерија од креативна работилница „Со боите на храната креираме уметност“ 2

Бевме сместени пред КЦ Магаза, каде креиравме и цртавме со боите на храната. Обојувавме со мешавини од брашно, вода, кари, ситна црвена пипер, какао, инстант кафе и уште многу други природни бои. Уживавме во изработката на мозаици од бел и црн сончоглед, ленено семе, ким, афион, зрна кафе, ориз, шеќер. Најмногу уживаа децата кои дојдоја во посета и креативно изразување.

Поканети беа сите креативци од најмала возраст. Тоа беше една од целите на работилницата, а воедно и креативна изложба, да ги мотивираме сите, а посебно децата и родителите како нивна главна поддршка, да размислуваат креативно, да прават поздрави избори на храна и од секојдневните намирници да креираат забава и здравје за своите најсакани. Упатуваме благодарност за учеството и збогатувањето на настанот, до слаткарската работилница Мери Димовска и нејзиниот тим, за уникатните замрзнати чинии за ладење на овошје и зеленчук, кои долги години се нејзина специјалност, а сега сите можевме да ги погледнеме и лично.

Повеќе фотографии од галеријата може да погледнете од објавениот албум на фан страницата на Сѐ за храна.

Галерија од креативна работилница „Со боите на храната креираме уметност“ 3

Ви препорачуваме да прочитате: Фото конкурс и изложба на фотографии „Здрави креации во твојата чинија“.

Сподели: