Сѐ за храна одржа едукативна работилница во училиштето „Коле Канински“

Во рамките на проектот „Подобра исхрана, подобар живот“, Сѐ за храна одржа едукативна и интерактивна работилница во училиштето Коле Канински во Битола. Во текот на работилницата, учениците имаа можност да научат повеќе за протеините, јагленохидратите, мастите, витамините и минералите, да се запознаат со нивните дневни потреби и да научат како треба да изгледа еден комплетен оброк. 

Во соработка со училиштето Коле Канински од Битола, наставниците Весна Баковска и Ирена Богданоска, во вторникот на 24-ти Декември беше одржана едукативна работилница на која учествуваа учениците од осмо одделение. Целта на работилницата беше преку разговор со учениците, да се подигне мотивацијата за почеста консумација на здрава храна и да се применат здрави животни навики. Во таа насока беше презентирана подготовка на брз и здрав оброк, кој можат децата да го направат и во своите домови.  А исто така на учениците им беше даден и предизвик за подготовка на салата. Очекуваме да го исполнат предизвикот, повеќе да се вклучат при подготовка на храна и да ни ги испратат фотографиите.

предавање Коле Канински

Им благодариме на учениците и наставниците на Коле Канински за одличната соработка! Се гледаме следен пат со нови теми за разговор, со кои ќе помогнеме за создавање на здрави навики почнувајќи од најмали години. Благодариме и на Општина Битола која го поддржа овој настан, како и Мак Прогрес – Натура и Би Милк кои донираа свои производи за подготовка на здравите оброци.

Ви предлагаме да прочитате: Сѐ за храна со едукативно предавање го одбележа Светскиот ден на храната.

Сподели: