Летото е период за забави, шетање и време со најблиските. Никој не сака да поминува многу време во кујната подготвувајќи разни јадења. Но, високите температури повеќе нема да бидат причина за вашето семејство да не ужива во вкусна храна. Денес ви споделуваме едноставно летно мени со 2 рецепти за посни салати кои ги приготви Катерина од нашиот тим.
Брзи, лесни и хранливи. Пробајте ги! – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Салата од макарони со зеленчук и печурки
Идејата за рецептот потекна од потребата, што вкусно и здраво може да се носи како оброк за на работа. Едноставна е за пакување, лесна за носење и вкусна за јадење во секој миг.
Состојки:
- макарони (по желба, може и посни)
- млад кромид
- зелка
- печурки
- неколку гранчиња листови од свежо нане
- сол и црн пипер.
Подготовката на оваа салата со макарони и зеленчук може да ја прочитате тука.

Посна салата со ориз, леќа и печурки
Посно, вегетаријанско, здраво и без глутен! Оваа посна салата е идеален избор за секоја фамилијарна пригода, прослава или можете едноставно да ја искористите како идеја за оброк на работа. Многу е хранлива и изобилува со корисни состојки. Вреди да се проба!
Состојки:
- 400 г леќа
- 400 г ориз
- 300 г маринирани шампињони
- 2-3 чешнина лук
- 1 мала главица кромид
- оригано по вкус
- сол и црн пипер по вкус
- и малку масло.
Подготовката на посната салата може да ја прочитате тука.
Препорака од авторот:
Ако ви се допаднаа рецептите, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook:Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецептите: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Посна салата со компири и кромид.