Дали може да се јаде леб при диета?

Да, може да јадеш леб додека си на режим за слабеење. Иако многумина велат штом слабееш не треба да јадиш леб, тоа не е така. Нутриционистите велат дека тајната е во балансираната исхрана и умерената консумација на намирниците меѓу кои е и лебот. Ајде подетално да ја разгледаме темата и да видиме дали може да се јаде леб при диета и што се препорачува! 

Македонската традиционална исхрана не може да се замисли без парче леб. А и не постои причина за да го избегнуваш при диети. Важно е да се ограничи количината на леб и тоа биде 25% од чинијата, дополнето со зеленчуци за да се избегни прејадувањето. 

леб при диета

На што треба да се внимава при слабеење?

За да започне процесот на слабеење потребно е да се внесуваат помалку калории од дневните потреби. Затоа режимите често се со 1200 или 1500 калории на ден. Без разлика дали калориите ги внесуваш од јаткасти плодови или леб, процесот на слабеење ќе започне штом внесот е помал од калориите кои се согоруваат секој ден.
И не само за слабеење, за да се сочува здравјето потребно е да се внесуваат разновидни намирници во исхраната како овошје, зеленчук, житарици во цело зрно, јаткасти плодови, риба, јајца и мешунки.

Придобивки од консумацијата на леб

Лебот е лесно достапна храна, вкусна, нутритивно хранлива (предност им се дава на интегралните лебови) и се консумира за појадок, ручек или вечера.

Консумацијата на леб го зголемува нивото на серотонин во мозокот, неуротрансимитер кој помага:

  • Ја намалува желбата за храна
  • Го подобрува расположението
  • Испраќа сигнали до мозокот дека си задоволен со оброкот.

Серотонинот помага во контрола на порциите и превенира консумирање на повеќе калории. Како и да е, не треба да се прејадуваш со леб – затоа што тоа ќе доведе до зголемување на телесната тежина. 

Кој леб е најдобар при диети?

Интегрален леб

Лебот кој е направен од интегрално брашно содржи повеќе протеини, растителни влакна, витамини и масти во споредба со белиот леб. Високата количина на растителни влакна ја успоруваат апсорпцијата на шеќерот во крвта и го стабилизираат нивото на шеќер во телото. Исто така помагаат за намалување на апетитот. 

Интегралниот леб има среден гликемски индекс. Богат е со микронутиенти и кога се консумира дава доволно енергија за реализација на физичките активности.  

Од палетата на Жито Лукс може да избереш интегрален леб и тоа:

Тост леб:

Леб од повеќе житарици

Овие типови на лебови во својот состав содржат јачмен, пченица, овес, пченка, хељда, просо, сончоглед и ленено семе. И овој тип на леб содржи голема количина на растителни влакна и други корисни хранливи состојки. Тоа го прави идеален при диети. Дава чувство на ситост подолго време и го превенира прејадувањето. 

Кај нас вакви лебови произведува Жито Лукс. Од нивната палета може да избереш:

кој леб се препорачува при диета

Тост лебови:

Леб од кисело тесто

Лебот од кисело тесто се прави со тесто кое е ферментирано со бактерии и квасци во подолг период. За време на ферментацијата, едноставните јагленохидрати се намалуваат. Нивото на шеќер во крвта не се зголемува наеднаш по консумацијата на ваков леб. 

Лебот е богат со витамини и други хранливи состојки. Протеините, како што е глутенот се разградуваат, па овој леб може да го консумираат и лица кои се осетливи на глутен. 

Иако си на диета, важно е да имаш балансирана исхрана. Консумирај интегрален леб, зеленчук, овошје, немасно месо, риба и вклучи физичка активност. Посвети се и не се откажувај брзо, а првите резултати ќе ги забележиш по две до три недели.

Може да те интересира: 4 најважни придобивки од ‘ржаниот леб – дава ситост, го подобрува варењето на храната…

*Текстот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: